Каков градник на каков фустан прилега?

Најголема од сите ваши невестински загатки може да биде токму тоа – што да облечете под вашата прекрасна венчаница. Сигурно сакате нешто удобно но убаво, скриено но привлечно. Има многу опции за тоа каква долна облека да носите на денот на вашата свадба, а трикот е во тоа да најдете одличен градник кој што ќе одговара на вашата венчаница и на вашиот облик на телото. Еве неколку одлични и убави опции:


ЗА ФУСТАН СО ГОЛ ГРБ
За ваков модел на фустан ви треба самолеплив градник, без ремче позади и без прерамки. Ваквите модели градници се прилепуваат за градите и не се идеални за жени со големи гради, со оглед на тоа што не можат да им ја дадат потребната потпора. За мали гради, ова е супер избор.

1

ЗА ФУСТАН СО БЛАГО ДЕКОЛТЕ
Прикажаниот модел на градник ќе ви овозможи удобност, а притоа нема да се познава, што го прави совршен за фустани со прерамки и со убаво, не предлабоко деколте. Поради V изгледот, овој градник воопшто не се забележува, а се препорачува за жените со помали гради.

 

2
ЗА ДЛАБОКО ДЕКОЛТИРАНИ ФУСТАНИ
Градникот да ви ѕирка под фустанот е нешто што сигурно не го сакате, особено не на денот на свадбата. Постојат совршени модели за вакви фустани за кои не сме сигурни дали ќе успеете да ги најдете кај нас, но навистина ви треба токму ваков градник можете да го порачате онлајн, а цената им е од 30 до 40 долари.  Вакви градници има и без ремче позади, доколку фустанот е со гол грб.

3

4


ЗА ФУСТАН БЕЗ ПРЕРАМКИ
Нормално дека ќе одберете градник без прерамки кој што ќе биде удобен, ќе им дава потпора на градите, и градник кој ќе ви биде точен, односно нема да ве стега и нема да ви „паѓа“. Овие модели одговараат и на жени со мали и со големи гради.

5

6

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?