Диета за невести: 10 трикови што секоја невеста треба да ги знае

Секоја невеста сака да изгледа неодоливо во венчаницата. До таа цел ќе ве доведе Даг Рајс, професионален тренер од Националната академија за медицина и спорт, кој смислил план за исхрана со кој идните невести можат брзо и без строги диети да ја постигнат саканата фигура.

Совети како да го забрзате метаболизмот:

1.Јадете секои три до три ипол часа. Почесто јадете хранливи намирници бидејќи тие побргу се трошат и учествуваат во согорувањето на мастите.

2.Јадете квалитетни протеини, сложени јаглехидрати и храна која содржи влакна. Оваа храна консумирајте ја почесто и во помали оброци.

3. Важно е да ја мерите храната која ја јадете, зашто ако не знаете колку калори внесувате, нема да губите тежина.

4. Појадокот е најважниот оброк во денот. Прескокнување на појадокот ќе му прати порака на вашето тело дека гладувате бидејќи не сте јаделе најмалку 8 часа во текот на ноќта.

nevesta-fit

5. После секој тренинг изедете соодветен оброк кој ќе ги наполни мусулите и ќе им помогне повторно да се изградат.

6. Исфрлете ги од исхраната шеќерот и преработената храна, како што се газирани пијалаци, брза храна, чипс, бел леб, тестенини, бел ориз и сите намирници кои се  пакуваат во кеси или кутии.

7. Пијте  8 до 12 часа вода дневно, бидејќи недостатокот од вода го успорува метаболизмот.

8. Направете листа од здрави намирници и грицки и не  отстапувајте од неа.

9. Планирајте ги оброците неколку дена однапред.

10. Ослободете се од сите лоши намирници од кујната, испразнете го фрижидерот и елиминирајте се’ што ја саботира вашата цел.