Каква венчаница треба да носат елегантно пополнети невести?

7Едно од најважните нешта кои ги носите како невеста е токму венчаницата.Таа игра клучна улога за тоа како ќе се чувствувате и како ќе изгледате. Без разлика на тоа колку килограми имате, веројатно се вклопувате во некој од двата облици на телото, а тоа се КРУША или ЈАБОЛКО. Ако препознаете на која група на облик припаѓа вашето тело, полесно ќе ја пронајдете венчаницата што ви одговара.

Постојат неколку основни облици венчаници. Пополните невести треба да избегнуваат балски модел на венчаници.

Вашиот фустан треба да го привлекува погледот кон горе. Фустани со крој во форма на букавата А одговараат на речиси секој облик на тело, па би требало да ги земете предвид ваквите модели.

Размислете за фустан со ракави. Иако ракавите не се омилен дел од венавките, жените со крупни раце би требало да пробаат и венчаница со ракави.

Венчаницата почнете да ја бирате 6-12 месеци пред венчавката. На тој начин ќе си осигурате доволно време да ја изберете вистинската.

Додека пробувате венчаници носете чевли со отприлика иста висина потпетици колкави што би сакале да носите на венчавката.

 

Еве неколку предлози:

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?