Што треба да знаете кога пробувате венчаници

Кога пробувате невестински фустан , не е исто како кога купувате обичен фустан или тоалета.

Иако повеќето невести знаат по нешто за венчаниците, малку од нив знаат како треба да пробаат невестинска венчаница. Еве неколку совети кои треба да ги знаете кога пробувате венчаници:

nevesta-bride-g

1. Кога одите да пробувате венчаници, најдобро би било да носите фустан кој лесно се соблекува, за да не губите многу време на соблекување и облекување.

2. Долната облека која ќе ја носите треба да биде бела или месо боја.

3. Кога ги разгледувате венчаниците, мора да бидете свесни за вашиот стил, но и за изгледот на вашето тело. Треба да најдете венчаница која совршено ќе ги прекрива вашите недостатоци, а ќе ги истакнува убавите делови од телото. Имајте трпение, и не дозволувајте да ве заслепи убавината на некој прекрасен фустан кој не ви стои убаво.

4. Кога пробувате фустани, носете чевли со висина на штикла иста со оние што ќе ги носите на свадбата.

5. Удобноста е најважна. Кога ќе ја пробувате венчаницата во неа треба нормално да се движите, седите, и подигнувате рацете.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?