Свадбена катастрофа: црвено вино на бела венчаница

Ретко која невеста нема да ја извалка венчаницата на денот на свадбата, но замислете го хоророт да ви се истури црвено вино! Со оглед на тоа што на свадбата ќе се поздравувате и наздравувате со стотици гости, ваквата катастрофа може секогаш да се случи.

Како да спречите драма: Можеби првата реакција ако се случи ова, ќе ви биде очај, но обидете се да останете смирени и утешете го гостинот кој ви го истурил виното и ве гледа со вина. 

„Еднаш имавме случај кога цело шише шампањ истурија врз невестата. Тогаш единствено што се сетивме да направиме е тоа што ја сушевме венчаницата во тоалетот, под апаратот за сушење раце.“ – вели организаторката Софи МекКори Деј

Треба да се снајдете со ситуацијата. Овде ќе го наведеме примерот со серијата ¨Lipstick Jungle¨  кога при иста ваква ситуација,  истурија црвено вино врз бела венчаница, девојката зема четка и целиот преден дел го ишара со црвеното вино. Резултатот беше одличен:

viko

Најбитно е да не паничите. Запомнете дека сите гости се таму заради вас, а не заради вашата венчаница...

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?