Каков украс за коса одговара на вашата боја на коса?

Ќе се согласите дека секој невестински украс за коса не изгледа подеднакво убаво на сечија коса. Токму поради тоа ви нудиме еден краток водич за тоа на која боја на коса, каков украс најдобро прилега:

ЦРНА КОСА
Камчиња со метален сјај изгледаат сензационано на црна коса и совршено ги дополнуваат природните тонови на косата. Можете да одберете и цвет којшто ќе изгледа прекрасно на вашата боја на коса, без разлика дали ќе биде во бела или друга боја, ако правите венчавка во пролет или лето цветот во коса е совршен украс за главата.
Ако се одлучите за некоја шнола, одберете некоја во винтиџ стил која многу ќе светка,со што ќе претставува одличен контраст со вашата темна коса.

crnokosa1

crnokosa2


РУСА КОСА
Златната боја е најсимпатична за русата коса. Доколку многу не го сакате златниот накит, можеби ќе се одлучите за некои сребрени нијанси. Меѓутоа, треба да знаете дека премногу сребро изгледа навистина ладно на русите тонови на косата, особено ако украсот е голем.

Ако сепак сакате сребро, побарајте во некои потопли тонови и со многу светкави елементи. Таквиот украс навистина убаво ќе прилега на вашата руса коса.
Ако имате долга руса виткана коса, можете да пробате со боемски  украс на челото, кој совршено одговара на вашата боја на коса. 

nevesta rusa

rusokosa

rusokosa2


БРИНЕТА
Бринетите можат да го истакнат сјајот на дијаманстски украс во косата како никој друг. Се сеќавате на светкавата тијара на Кејт Мидлтон наспроти нејзините лесни кафени локни?

Ако носите украс на едната страна, пожелно е целиот украс да биде украсен со многу детали, или пак проверете дали може на него да се прикачи украсна лента која одговара на вашата коса. Ако вашата коса е во потемни нијанси, совршено добро ќе ви одговараат и метални елементи.

Ако имате светло кафеава коса, тоа е совршена боја на која одговараат украси во сите бои. Така можете да изберете украс во бојата на тематиката на вашата свадба, на пример, бојата на украсот во косата да одговара со бидермаерот, со фустанот на деверушите, со декорациите и т.н.

brineta2

kejt ova

brineta

brineta3

brineta4

brineta5

brineta6


ЦРВЕНОКОСА
Истакнете ја убавината на црвената коса со украси во топли тонови. Можете да изберете аксесоари со кристали во боја на шампањ, за да добете нежен и суптилен сјај. А ако сакате да изгледате драматично и лудо, изберете украс со црвени камчиња.

Црвената коса изгледа супер гламурозно кога е навиткана па лежерно собрана во задниот дел. На ваквата фризура ако и се додаде украс и кратки обетки, добивате безвременска елеганција.

Пократките фризури изгедаат одлично со светкави венчиња.

crvena1

crvena2

crvena3

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?