Какви аксесоари одговараат на вашата венчаница?

Доколку имате дилема каков накит треба да носите на свадбата, не грижете се. Модните експерти за свадбени аксесоари ги имаат одговорите на сите ваши прашања.

Какви аксесоари одговараат на принцес-фустан, со многу светкави детали во горниот дел?

И покрај тоа што навистина е примамливо да купите што посветкави аксесоари, не заборавајте дека и малку е многу, доколку имате принцес венчаница со светкав горен дел. Дозволете токму фустанот да биде главниот аксесаор, и вашиот изглед дополнете го само со светкава тијара која ќе одговара со венчаницата. Целосниот изглед комплетирајте го со минијатурни обетки во форма на кристални капки, со што ќе додадете допир на елеганција. Со тоа што нема да ставите ништо на вратот ќе избегнете пренатрупаност со светкави елементи, и голиот врат ќе ја истакне дополнително убавината на вашата венчаница.

aksesoar 1

Какви аксесоари одговараат на чипкаста венчаница?

Има многу видови на накит што можете да ги изберте за некој фустан, но тоа треба да бидат токму вистинските аксесоари, кои меѓу другото ќе одговараат и на вашиот стил, и на вашиот невестински изглед. Винтиџ чипка ќе изгледа фантастично со потемен, сребрен накит, со оглед на тоа што сребрениот накит има пораскошен изглед.

Одберете винтиџ украс за коса кој се носи на едната страна од главата, по можност да биде со кристали(не мора да бидат вистински, секако) и бисери. Бисерите се елегантен начин да го задржите тој винтиџ изглед, додека кристалите на сребрена подлога даваат доза на светкавост која не е премногу модерна.

Што се однесува на алките, обидете се да избегнувајте алки со камчиња кои се од страните зацврстени со метални желевца, од проста причина што има милион пати на нив да ви се закачи чипкастата венчаница. Наместо тоа одберете некоја со нанижани кристалчиња или бисери, со што и ќе одговара на украсот на главата. Изгледот дополнете го и со нежни чипкасти ракавици.

aksesoar 2

Какви аксесоари треба да се носат за да се остави гламурозен впечаток?

Гламурот зависи индивидуално, но појдовна точка за секого би бил еден прекрасен пар кристални Сваровски обетки. Косата нека ви биде собрана, во косата ставете круна која ќе биде еднакво блескава како и обетките – ова е совршена комбинација за гламурозен изглед.

Ако фустанот ви е прилично богат со детали, едно ланче со привезок ќе го комплетира гламурозниот изглед. Но ако фустанот нема детали, подобро да го оставите вратот гол, а изгледот да го комплетирате со светкава нараквица која ќе даде елеганција и гламур.

Освен светкавите аксесоари, за максимално гламурозен ефект одберете некое болеро, по можност пердувесто во лето, а крзнено во зима. Не само што ќе додаде волумен околу рамениците и ќе му даде облик на телото како песочен часовник, туку и ќе му даде многу романтичност на вашиот изглед.

aksesoar 3

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?