Нови прекрасни невестински чевли

Да се најде совршениот пар невестински чевли е вистински предизвик. Особено ако живеете во Македонија! Модерни, елегантни, стилски и удобни чевли, и плус тоа во бела боја е навистина тешко да се најдат. Но, со добра волја и многу шетање, сепак ќе успеете да ги најдете идеалните чевли за вас. Она што ние можеме да направиме е да ви прикажеме една прекрасна колекција која можеби ќе ви се најде како инспирација за тоа каков модел да барате.

novistikli m

Ова е колекцијата невестински чевли од Дјун Лондон. Едноставните елегантни чевли добиваат гламурозна страна со цветните дотатоци. Нешто слично сигурно нема да најдете кај нас, но бели обични салонки или сандали - да. Се што треба да направите е да ги однесете кај некој што изработува накит или невестински аксесоари и вашите „обични“ чевли ќе добијат сосема нов изглед. 

 

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?