“A BEAUTIFUL SOUL” - колекција венчаници на Ал Апарел Наташа Карчева есен-зима 2017

Модното ателје „Ал апарел Наташа Карчева“ ја претстави колекцијата венчаници за сезоната есен зима 2017.Инспирацијата, како и секогаш, ја пронаоѓа некаде длабоко во душата, во убавината на сето она скриено длабоко во нас, а воодушевува и зрачи со некоја посебна убавина однадвор.

Моментални чувства, мометален порив на некоја внатрешна енергија, е она што ја води дизајнерката во целиот оној креативен процес во создавањето на креациите.

aparel3 m

Колекцијата е составена од 19 креации изработени претежно од свила, мек француски тул, француска тантела, муслин, брокат, со многу рачна изработка вложена во секоја креација.

Како и секогаш, во креациите на Наташа Карчева се избегнува класичниот стереотип на венчаници, а се става акцент на нежните, лесни, прозрачни ималку провокативни венчаници кои суптилно го отсликуваат женското тело. Палетата на бои е градација од бела, бисерно бела, нежна крем, нежно розева, пудра и нежно сива. Специфични кроеви на корсети, лелеави и прозрачни волуменозни здолништа, лелеави пелерини ја заокружуваат целосната слика на колекцијата.

Ова  еколекција наменета за оние малку похрабрите и оние со изострен вкус. Новата колекција е веќе изложена во ателјето, а во продолжение погледнете ја низ фотографии.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?