Каква венчаница одговара на вашиот карактер?

Изборот на совршена венчаница сигурно зависи од тоа каков е вашиот стилна облекување, но секако дека и вашиот карактер ќе замеша прсти. Секако дека нема да се одлучат за иста венчаница девојка која е смирена и повлечена и девојка која сака елеганција и гламур. Затоа, откриваме како треба да изгледа вашата венчаница согласно вашиот карактер:

Едноставна личност
Ако спаѓаш во оние личности кои лесно се вклопуваат во друштвото, многу си толерантна а и сакаш елегантен стил на облекување, за тебе совршена ќе биде свилена венчаница во А крој, но и впечатлив бидермаер и аксесоари во впечатливи бои.

Личност со слободен дух
Ти сакаш да ризикуваш, но за твојата свадба нема никако да одбереш нешто ексцентрично ниту провокативно. Ќе преовладува твојата нежна страна, така што твојата вечаница од соништата има нежна розе боја, украсена со многу цветови.

Гламурозна кралица
На свадбата ќе сакаш да бидеш како некоја холивудска дива, така што и твојата венчаница ќе биде спој од гламур и елеганција. За тебе избор број еден е венчаница која личи на прескап фустан од некој моден дизајнер.

Девојка која сака да е принцеза

Логично, ека вашиот избор ќе биде голема волуменозна венчаница полна со тул и циркони, т.н. принцеза венчаница.

vencanica stil4

Шопингшоличарка

Ако си девојка која слепо ги следи трендовите и секогаш е прва за на шопинг, твојата венчаница ќе биде цела од чипка, а ако се одлучите за друг тип, тогаш тоа ќе биде венчаница слична на онаа на Кејт Мидлтон.

Личност полна самодоверба

Ако си продорна, полна со самодоверба, твојата идеална венчаница ќе биде тесна и полна со циркони кои ќе ги заслепат сите. Ти ќе одбереш венчаница за која долго ќе се зборува.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?