„Кокев“ од сега ќе облекува и младоженци

Ако до сега „Кокев“ беше препознатлив бренд за истакнување на женската убавина, и едно од омилените места на невестите за избор на венчаница, од оваа година нештата се менуваат. На последната модна ревија „Кокев“ претстави неколку модни комбинаци посветени и на посилниот пол.

Па така, истовремено додека невестите одбираат венчаница, и идните младоженци можат изборот на својот костум да го препуштат во рацете на ова модно ателје.

kokevzamazi 2017


Иако страмежливо, сепак машките креации кои „Кокев“ ги прикажа на новата модна ревија, исто како и женските креации соодејствуваат со модното освестување во 70-тите години.

Тоа е период кога се напушта стереотипот на мажественост со крути, еднолични и широки материјали и кроеви, и се оди кон посмела мода, со тесни, шарени и поиндивидуални креации. Машките костуми на „Кокев“ се со актуелната ситна каро шара, со едноставен, но ефективен микс со црна или кафена ткаенина, и ногавица од панталони која завршува со ластик.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?