Новата колекција на „Кларис“ пред објективот на „Зага“

Модната дизајнерка Тања Кларис ја најави нејзината нова колекција венчаници со видео и фото едиторијал. Користејќи ги убавините на зимата и снежната магија на Пелистер, „Into the snow" во целост рефлектира романтика, чистина и бајка. Пред објективот на „Зага продукција“ позираше манекенката Елена Ангеловска.

„Into the snow„ е всушност предколекција венчални фустани и мала најава за колекцијата која треба да излезе кон крајот на месецов. И за предколекцијата и за колекцијата карактеристично овој пат ќе бидат раскошните тантели, многу рачна изработка и слоевити кроеви.

Колекцијата е наменета за сите кои сакаат романтика и раскош, во една сублимирана форма“, вели Тања Кларис за Bride.Mk.


Во однос на тоа какви венчаници ќе бидат актуелни, Тања вели дека трендовите веќе одамна не постојат и дека веќе се е направено и измислено, со тоа што остануваат само варијации во кројот и материјалот. Што ќе им понуди оваа модна куќа на идните невести, ќе дознаеме наскоро кога ќе биде претставена новата колекција. Во меѓувреме, уживајте со прекрасните фотографии и видео во продукција на „Зага“:

klaris-zaga-m

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?