За plus size невести: 8 главни правила за купување венчаница

Да се најде венчаницата од соништата е голем предизвик за секоја невеста особено за оние кои имаат вишок килограми. Една елегантно пополнета (и горда на тоа) невеста, Британи Џибонс, открива како да ја најдете совршената венчаница ако имате вишок килограми.

1. Најдете место каде што ќе ве третираат добро

Само затоа што не сте манекенски градена не значи дека треба да бидете слепо ограничена во изборот. Најдете место каде што ќе ги разберат вашите барања, каде што ќе ви понудат венчаници кои навистина добро ќе ви стојат. Отидете со некоја пријателка која секогаш е објективна спрема вас.

McAleer Page Vanessa Joy Photography 77069 KristinaRichFavs0087 low

2. Одете кога се чувствувате убаво во својата кожа

Знаете дека има моменти кога секоја жена е нездоволна од својот изглед, а тоа особено се случува за време на ПМС. Затоа избегнувајте да купувате венчаница во таквите денови.

3. Бидете отворени за предлози

Британи Џибонс вели дека кога би можела да промени нешто од нејзината свадба, не би облекла фустан без прерамки, бидејќи цела вечер го кревала фустанот.

4. Изберете нешто што вам ви се допаѓа

Повеќето невести со вишок килограми бираат А-крој венчаница, но не значи дека на сите им стои добро. Добар продажен асистент или дизајнер ќе знае да ви понуди нешто според вашите облини, стил и вкус.

5. Запомнете дека тоа е ваше искуство

Не на вашата мајка, сестра или пријателка! Не купувајте фустан само затоа што сте поминали часови и часови во барање и пробување милион венчаници и ниедна не ви била совршена. Купете фустан кој ќе направи да се чувствувате убава и среќна.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?