Топ 20 стилски комбинезони за нетрадиционалните невести

На свадбата важно е да се чуствувате удобно, убаво и пријатно. Па доколку не сте тип на жена што сака фустани, зошто да не носите на пример комбинезон-венчаница.

jumpsuits-kombinezonivencanici

Чипкасти

Кристали, бисери и светкави детали се на врвот на листата во невестинските колекции, а одлично е како дизајнерот Нутрит Хен има кмбинирано два трендови во едно парче комбинезон.

Друг клучен стил оваа година е чипката која дизајнерите ја користат како екстра декоративен елемент. Чипката е аплицирана во мали парченца за основната ткаенина, креирајќи модерен невестински изглед.

Широки ногавици

Широките ногавици се класични, но и ултра модерни истовремено. Покрај класичните широки ногавици кои ви ги сокриваат нозете, во горниот дел можете да одберете нешто повпечатливо и разголено.

Кратки ногавици

Навистина убаво и впечатливо ќе изгледате и со модел со кратки ногавици кои воедно ќе ви дозволат да носите впечатливи чевли кои целосно ќе се гледаат.

Скриени панталони

Комбинација од традиционална венчаница и комбинезон, што изгледа навистина прекрасно.

Нешто поинакво

Доколку не сте баш сигурни дали комбинезонот е иделното решение за вас, Инбар Дрор има алтернатива - фустан со шлиц напред и позади што на прв поглед делува како да станува збор за панталони.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?