Работи кои секоја невеста треба да ги знае пред да купува венчаница

Венчаницата ја носите само еднаш во животот и затоа е важно во неа да изгледате совршено. Не сакате подоцна кога ќе ги гледате фотографиите од свадбата да се каете што сте го облекле баш тој модел кој никако не одговара на вашата форма на телото.

Затоа, пред да и кажете „ДА“ на вашат венчаница, обрнете внимание на неколку работи.

bride

Купувањето венчаница е маратон, а не спринт

Од моментот кога ќе почнете да барате фустан, до моментот кога ќе го имате во домот, може да поминат 6 до 12 месеци. Зошто? Обично венчаниците се шијат рачно, освен ако не се одлучите за купување готова венчаница.КОга ќе ја порачате, ќе сакате сите детали да бидат совршени Затоа, соберете трпение и тргнете во маратон.

Заборавете на големината и фокусирајте се на тоа како ви стои венчаницата

Гoлемините на венчаници се разликуваат од дизајнер до дизајнер, па и ако знаете која големина ја носите тоа нема да ви биде од помош. Постојат невести кои сакаат пред свадбата да ја намалат тежината и да оформат линија, па прво купуваат фустан па потоа почнуваат диета. Стилистите сметаат дека е попаметно веднаш да одберете венчаница која одговара на вашата линија, и во која може да изгледате послаба.

Прво истражете

Пред да отидете во бутикот за венчаници, прво малку размислете за тоа како би сакале да изгледа вашата венчаница. Како што сте го бирале сопругот, така одберете ја и венчаницата - излезете и истражувајте ги опциите. Разговарајте со стилистите, разгледајте ги моделите на Bride.Mk и дознајте што е во тренд, како и кој облик на венчаница најдобри ви прилега.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?